(Видео) На Украинец му се расипа тенкот, се јави во руски институт да побара помош

Видео-На-Украинец-му-се-расипа-тенкот-се-јави-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од почетокот на руската инвазија на Украина, околу 200 руски тенкови Т-72Б3 паднаа во рацете на украинската армија. Овој тенк, произведен од Уралвагонзавод од Нижни Тагил, е еден од поновите руски тенкови.



Со овој модел на тенк, за разлика од на пример T-64BV, T-80U или T-72AMT, Украинците немаат големо искуство. Кога локалните експерти наишле на проблеми кои не можеле веднаш да ги решат, украинскиот војник со прекар Кочевник решил да ја повика техничката поддршка на Уралвагонзавод.

Снимка од повиците на Кочевник објави Милитарњи, украински канал кој емитува вести за војната.

Кочевник служи во 54-та механизирана бригада на украинската армија, која се бори околу Краматорск во источна Украина и користи претежно опрема од советската ера, вклучувајќи тенкови Т-64 и борбени возила БМП. Таа поседува и дел од заробените руски тенкови Т-72Б3, пишува Форбс.

Кочевник најмногу ги тролаше Русите, но неговите замерки за тенкот од 45 тони беа реални. Од резервоарот течеше масло, компресорите не работеа, а електричниот механизам за вртење на куполата откажуваше, поради што екипажот беше принуден рачно да ја ротира куполата.

Оваа листа на дефекти може да укаже на неконзистентна изработка во фабриките на Уралвагонзавод.

Русин кој се претставил како Александар Анатолиевич, кој очигледно не знаел дека Кочевник е украински војник, ветил дека ќе испрати список со проблеми до проектната канцеларија во Нижни Тагил, а исто така ќе контактира со производителот на мотори во Челјабинск.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK