Елитна единица на ирската армија претресла товарен брод под панамско знаме во близина на југоисточниот брег на Ирска и пронашла 2.253 килограми кокаин, кој на пазарот вреди околу 136 милиони фунти. Според ирската полиција, тоа е најголемата заплена на дрога во историјата на земјата.
„Ова е најголемата заплена на дрога во историјата на земјата“, изјави портпаролот на ирската полиција на брифинг со новинарите.
“This Joint & multiagency Op demonstrates the interoperability of Óglaigh na hÉireann, underlining the unique capability that we bring to the defence of the State. The significant intel led planning by the JTF enabled the coordination & execution of this complex multiagency Op. pic.twitter.com/2bcsZkyxdg
— Óglaigh na hÉireann (@defenceforces) September 26, 2023
Уапсени се три лица, а истрагата се уште е во тек.
Се верува дека не целата дрога била наменета за ирскиот пазар, туку требало да биде истоварена во Ирска и потоа да се пренесе понатаму. Инспекторите веруваат дека станува збор за кокаин кој потекнува од јужноамерикански картел.
A Joint Task Force comprising members of the @naval_service, @IrishAirCorps, Army Ranger Wing, Revenue Customs Service & @gardainfo have implemented a co-ordinated operation at sea. pic.twitter.com/yPcrjiCOGe
— Óglaigh na hÉireann (@defenceforces) September 26, 2023
„Тоа беше исклучително сложена операција во која беа вклучени морнарицата, воздухопловните сили, елитна единица, сите надгледувани од Штабот на одбранбените сили. Времето беше исклучително лошо, операцијата беше многу тешка“, изјави првиот човек на ирската морнарица.
Како што пишува Скај њуз, ирските специјалци со хеликоптер се спуштиле на бродот, а потоа започнала акцијата.