Рано утринава, возила на брза помош пристигнаа пред ресторан за брза храна во Волтон, Ливерпул, по извештаите за лице кое бара итна медицинска помош со сериозни изгореници.
Очевидци на настанот велат дека мажот се запалил. Мажот е пренесен во болница и е во критична состојба. Пред ресторанот има полициски и возила на брза помош. Полицијата разговара со персоналот на Мекдоналдс и го фотографира местото на настанот, пишува Дејли Мејл.
„Утрово добивме дојава за инцидент и загрозување на здравјето на едно лице. Околу 05:50 часот било пријавено дека на маж на околу 40-годишна возраст поради сериозни изгореници му е потребна итна медицинска помош. Тој е пренесен во болница и се во критична состојба. Истрагата е во тек“, изјави портпаролот на полицијата во Мерсисајд.