(Видео) Масовни протести во неколку арапски земји поради болницата во Газа

Видео-Масовни-протести-во-неколку-арапски-земји-поради-болницата-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во неколку арапски земји избија масовни протести за поддршка на Палестинците и осуда на израелските напади врз Појасот Газа.


Разгневени од израелските воздушни напади и наводното смртоносно бомбардирање на болница во Појасот Газа, што Израел го негира, демонстрантите се собраа втор ден по ред.

Според Министерството за здравство на Газа, стотици луѓе загинале во израелски напад врз болницата Ал Ахли во вторникот. Израел тврди дека експлозијата била предизвикана од ракета на Исламски џихад и понуди докази за тоа.

Во Тунис околу 17.000 луѓе се собраа околу француската амбасада и побараа заминување на амбасадорот поради „пристрасноста“ на Франција кон Израел.

Демонстрации се одржаа и пред американската амбасада.

Десетици илјади Јорданци покажаа поддршка за Газа пред израелската амбасада во Аман и побараа протерување на амбасадорот на „ционистичкиот ентитет“.

„Луѓето сакаат слободна Палестина“, извикуваа демонстрантите во друг дел од градот, според снимките на социјалните мрежи.

Во Египет се одржаа протести во неколку градови, што е редок настан во оваа земја каде владата со години задушува какви било демонстрации.

Поголеми собири беа организирани и во главниот град на Јемен, во Бејрут и во Дамаск, а во Манама, во Бахреин, кој ги нормализираше односите со Израел во 2020 година, се собраа помал број луѓе кои бараа нивната земја да ги прекине врските со Израел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK