(Видео) Масивен напад со балистички ракети врз Киев, одекнуваат експлозии

69bbb795-20d6-4eb8-b5ac-6db1ec8162b3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во цела Украина рано утринава е прогласена за воздушна опасност, а на жителите им е кажано да одат во засолништа. Андриј Јермак, главен советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави на социјалните мрежи: „Путин сега започнува ракетен напад врз Киев“.


„Експлозии во градот. Противвоздушната одбрана функционира. Останете во засолништа!“, соопшти градската управа на Киев преку апликацијата Телеграм.

Според украинската војска, во првиот ракетен напад по повеќе од два месеци, Русија користела крстосувачки ракети лансирани од стратешки авиони, како и балистички ракети.

Како што јави дописникот на Би-би-си, руските бомбардери Ту-95 истрелале околу 6 групи крстаречки ракети кон цели низ земјата.

Ројтерс известува за експлозии кои се слушаат во источниот дел на главниот град. Густ облак чад се издигнува на најмалку една локација, но се уште не е познато дали експлозиите биле резултат на воздушната одбрана или проектилите ги погодиле нивните цели. Две борбени беспилотни летала Шахед беа забележани и над јужниот дел на градот. Властите се уште не известиле за жртви или материјална штета.

Градската воена управа на Киев предупреди дека електричната енергија би можела да биде исклучена бидејќи Русија продолжува да ја напаѓа енергетската инфраструктура пред претстојните зимски месеци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK