(Видео) Мајки на ученици се степаа на матурска забава


cazin-maturska-tepacka.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Матурската вечер во Цазин во Босна и Херцеговина, која се одржа на 16 мај, се претвори во инцидент. За време на прославата во II Средно училиште Цазин, дошло до жестока расправија, а потоа и физичка пресметка меѓу две мајки.


Според присутните, конфликтот се случил поради туркање за најдобра можна позиција покрај црвениот тепих за да се фотографираат матурантите. Според очевидци, ситуацијата брзо ескалирала од вербален конфликт во физички. Низ салата одекнувале извици и вресоци, а прамени коса наводно биле искорнати  и расфрлани по подот.

Родителите, професорите и присутните гости останале во шок, додека поединци се обидувале да ја смират ситуацијата.

Полицијата набрзо интервенирала за да спречи понатамошен конфликт и да воспостави ред. Видеата и фотографиите од инцидентот брзо се проширија на социјалните мрежи, а многу граѓани коментираа дека несоодветното однесување на возрасните го засенило еден од најважните моменти за матурантите. Засега не е познато дали ќе бидат преземени некакви мерки против учесниците во инцидентот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cazin Čaršija Novosti (@cazin_carsija)

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK