(Видео) Летовите на Хаити беа прекинати откако беше пукано во еден авион

avion-pukanje.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неколку авиокомпании ги прекинаа летовите за Хаити откако беше пукано во американски патнички авион при обидот да слета во Порт-о-Пренс.


Летот 951 на Spirit Airlines од Форт Лодердејл, Флорида беше пренасочен кон соседната Доминиканска Република, каде безбедно слета на аеродромот во Сантијаго.

Стјуардесата се здобила со полесни повреди, се вели во соопштението на авиокомпанијата и се додава дека нема повредени патници.

Ова е втор пат во последните три недели да биде пукано во авион над главниот град на Хаити. Хаити е зафатен од длабока политичка криза, а вооружените банди контролираат голем дел од земјата.

Вчера беше поставен нов премиер од страна на владејачкиот совет на земјата, откако претходниот лидер Гери Конил беше сменет помалку од шест месеци откако беше назначен.

Непотврдените снимки од инцидентот објавени на социјалните мрежи покажуваат неколку дупки од куршуми во внатрешноста на авионот, каде што екипажот седи за време на полетувањето и слетувањето.

Спирит ерлајнс соопшти дека штетата е „многу веројатно предизвикана од куршуми“ откриени за време на инспекција на аеродромот во Сантијаго. Авионот е повлечен од употреба, додаде Спирит.

Авиокомпанијата, исто така, ги прекина летовите за Хаити „до дополнително проценување на ситуацијата“.

Две други американски авиокомпании, American Airlines и JetBlue, исто така, ги прекинаа летовите за Хаити најмалку до четврток.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK