(Видео) Лавров за Орешник: Подготвени сме на се

taker-karlson-lavrov.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека употребата на хиперсонична балистичка ракета Орешник во војната во Украина е обид да се натера Западот да разбере дека Москва е подготвена да ги искористи сите средства за да се осигура дека нема да и биде нанесен „стратешки пораз“.


Во интервјуто со Такер Карлсон, водител близок на Доналд Трамп, емитувано синоќа на Х, Лавров рече: „Пораката е дека вие, мислам на САД и сојузниците на САД, кои исто така го снабдуваат ова оружје со долг дострел на режимот во Киев – тие треба да разберат дека ќе бидеме подготвени да ги искористиме сите средства за да ги спречиме да успеат во, како што го нарекуваат стратешки пораз на Русија“.

Лавров, исто така, рече дека е „многу сериозна грешка“ за било кој на Запад да претпостави дека Русија нема црвени линии или дека тие „постојано се движат“.

Да потсетиме, Русија пред две недели ја истрела својата нова хиперсонична ракета Орешник кон украинскиот град Днепар во големата ескалација на војната која трае речиси три години. Рускиот претседател Владимир Путин оттогаш се закани дека ќе употреби оружје против Киев како одговор на украинските напади на руска територија.

„Испраќаме сигнали и се надеваме дека последниот сигнал, пред неколку недели, со новиот вооружен систем наречен Орешник… е сфатен сериозно“, рече Лавров.

Иако инсистираше на тоа дека Русија не сака да ескалира ситуацијата и сака да „избегне какво било недоразбирање“ со Вашингтон и неговите партнери, Лавров предупреди дека „ќе испратиме дополнителни пораки доколку не ги донесат потребните заклучоци“.

Путин рече дека ракетата Орешник лета 10 пати побрзо од звукот и дека противвоздушната одбрана не може да ја пресретне. Украинскиот претседател Володимир Зеленски Зеленски го нарече нападот „последниот напад на руското лудило“ и повика да се распоредат системи за противвоздушна одбрана за да одговорат на новата закана.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK