Сергеј Лавров синоќа пристигна во Малта на состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), јави државната новинска агенција ТАСС, по повод првата посета на рускиот министер за надворешни работи на земја членка на ЕУ од почетокот на војната во Украина.
Лавров слета во главниот град на Малта, Валета за да присуствува на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на ОБСЕ, пренесе ТАСС.
Видеото од пристигнувањето покажа како министерот за надворешни работи пристигна со руски владин авион, иако на руските авиони вообичаено им е забранет влез во воздушниот простор на ЕУ.
🛬 Russia’s Foreign Minister Sergey Lavrov arrives in Valletta (Malta) to take part in the 31st OSCE Ministerial Council. pic.twitter.com/klxgP2mWx8
— MFA Russia 🇷🇺 (@mfa_russia) December 4, 2024
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, не и беше дозволено да го придружува на патувањето бидејќи Малта и ја откажа визата.
Ова е прво патување на Лавров во земја членка на ЕУ откако Европската унија воведе санкции против него и претседателот Владимир Путин во февруари 2022 година, веднаш по започнувањето на руската инвазија на Украина.
Лавров последен пат беше во земја на ЕУ во декември 2021 година, исто така на состанок на ОБСЕ. ОБСЕ е еден од ретките форуми за дијалог за безбедност и демократска политика на кој претставниците на Западот и Русија седат на иста маса.
Додека Москва се повлече од голем број други европски институции, таа остана во ОБСЕ, гледајќи го како платформа за соопштување на својот став за војната.