(Видео) Критично во Австрија: Поплавен автопат, улиците во Виена под вода, спасувачите на терен

avstrija-poplavi.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради поплави предизвикани од обилните дождови, илјадници луѓе денеска се евакуирани во Чешка, Полска и долна Австрија, која е прогласена за зона на катастрофа.


Водостојот на реките во Централна Европа продолжува да расте, вклучувајќи го и Дунав.

Во Австрија поројот целосно потопи автопат.

Службите за итни случаи со часови се борат со обилните врнежи што доведоа до поплави. Ситуацијата сега е критична и во Виена, каде што почна евакуацијата на загрозените жители. Во акцијата во Тулн загина еден пожарникар, а во спасувањето на граѓаните учествуваа и хеликоптери.

Поплавите предизвикани од циклонот Борис доведоа до излевање на река во Виена. Поплавени се куќите во 14-тиот арондисман, а луѓето се итно евакуирани. Пожарникарите се на терен и предупредуваат дека ситуацијата дополнително ќе стане критична, бидејќи во текот на денот се очекуваат рекордни врнежи.

Итните служби на Виенската професионална противпожарна бригада биле повикани на повеќе од 1.100 интервенции во последните 24 часа. Околу половина од тие интервенции се поради врнежите, а другата половина поради ветер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK