(Видео) Кличко за еден од најжестоките напади на Киев од почетокот на војната: „Тоа е детска болница, пациентите се евакуираат“

Screenshot-2024-07-08-121037.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко изјави дека денешниот руски напад врз Киев е еден од најлошите од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година.


„Ова е еден од најлошите напади. Погледнете: тоа е детска болница“, рекол Виталиј Кличко додека стоел во близина на тешко оштетената зграда, пренесува Скај Њуз.

Воената управа на градот објави дека најмалку седум лица се убиени во Киев.

Спасувачите работат на местото на погодената детска болница за време на најтешкото бомбардирање на Киев во последните неколку месеци.

Цел на нападот била детската болница Окматдит, најголемата медицинска установа во Украина.

Исто така, градоначалникот на Киев рече дека пациентите се евакуираат во блиската болница во градот.

Шефот на кабинетот на Володимир Зеленски, Андриј Јермак, во објава на социјалните мрежи ја обвини Русија дека „намерно таргетира“ деца, додека Русија тврди дека „не гаѓа цивили“.

Украинските власти апелираа до луѓето да останат во засолништа низ градот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK