(Видео) Камерите ги снимија последните моменти од суперјахтата во која беа милијардерите: набрзо потона на дното

jahta-majk-linc-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Безбедносните камери ги снимија последните моменти на суперјахта која потона поради силните ветрови крај Сицилија во понеделникот. Меѓу другото, на јахтата бил и милијардерот Мајк Линч.



Очевидци тврдат дека суперјахтата потонала за не повеќе од 60 секунди.

„Јасно можеше да се види што се случува. За тој брод немаше излез, исчезна за многу кратко време“, изјавиле очевидци за агенцијата „АНСА“.

На луксузната јахта „Bayesian“, долга 56 метри и вредна милиони евра, во моментот на потонувањето имало 10 членови на екипажот и 12 гости, од кои 15 биле спасени.

Италијанската крајбрежна стража вчера соопшти дека телото на готвачот Рекалдо Томас е извлечено од водата.

Се уште се трага по шест лица, а меѓу нив е и сопственикот на јахтата, британскиот тајкун Мајк Линч и неговата ќерка Хана (18). Сопругата на Личн, Анѓела Бакареш беше спасена.

Потрагата продолжува по Џонатан Блумер, претседателот на Morgan Stanley International, Крис Морвило, адвокат во големата фирма Клифорд Ченс, и двете нивни сопруги – Џуди Блумер и Нед Морвило.

Спасувачките тимови непрекинато трагаат веќе два дена, а во потрагата се вклучени и припадници на крајбрежната стража, пожарникари, специјални нуркачи, како и пилоти кои летаат со хеликоптери над областа.

Ник Слоун, инженерот кој ја водеше операцијата за спасување на потонатиот брод Коста Конкордија во 2013 година, вчера изјави дека нуркачите кои трагаат по преживеани „влегле во критичните 24 часа“, и дека доколку некој останал жив во „воздушните џебови“ внатре во бродот, има се помалку време за негово извлекување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK