(Видео) Кадиров објави видео од неговиот син како го тепа човекот кој го запали Куранот

Видео-Кадиров-објави-видео-од-неговиот-син-како-го-тепа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рамзан Кадиров, чеченскиот лидер и еден од најблиските соработници на Путин на неговиот канал објави нова снимка. Според Некста, на неа е неговиот син Адам. На видеото го тепа Никита Журалев, човекот обвинет за палење на Куранот, пренесува Индекс.


„На интернет сè уште има спорови за тоа дека Адам Кадиров го претепа Никита Журавел. Дали е ова вистина или не? Го претепа и ја направи вистинската работа. Згора на тоа, верувам дека секој што навредува било кое Писмо треба да биде строго казнет, ​​вклучително и оние кои демонстративно го палат. Нашата земја има единствен закон кој ги штити верските вредности и тие се заштитени од државата на највисоко ниво“, напиша Кадиров на својот канал Телеграм.

„Без претерување, да, горд сум на чинот на Адам“, додаде Кадиров.

Тој минатата среда ги негираше гласините дека  умира. Видеото е објавено на официјалниот канал на чеченскиот лидер.

„Фала му на семоќниот Бог, жив сум и здрав и воопшто не разбирам зошто треба да има гврева за тоа дури и ако сум болен?“ се наведува во објавата која наводно ја напишал самиот Кадиров.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK