(Видео) „Израелски тенкови го пресекоа клучниот пат од север кон југ на Појасот Газа, пукаа во автомобили“, велат палестински очевидци

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелски тенк и оклопно возило го пресекоа клучниот пат од север кон југ на Појасот Газа и се приближуваат до градот Газа, според палестински очевидци, а пренесува Би-би-си. Тенковите беа пријавени на патот Салах ал-Дин, во близина на раскрсницата Карни-Нецарим, што поттикна шпекулации дека тоа би можело да биде дел од напредувањето кон градот Газа, најгусто населената област во Појасот Газа.



Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува како автомобил се врти за 180 степени откако се приближува до тенк, а тенкот потоа отвора оган и го уништува возилото.

„Уништен е, целото семејство беше уништено“, извикува еден од очевидците, додека со својот автомобил брзо тргнува и им вика на другите возачи да се свртат. Главниот портпарол на ИДФ, Даниел Хагари, на брифингот утринава беше прашан од новинарите за тенковите во Појасот Газа, но тој одби да даде повеќе информации.

Патот Салах-Ал-Дин беше еден од двата правци што Израел им ги посочи на Палестинците во северниот дел на Појасот Газа да ги користат за да се евакуираат на југ за нивна безбедност. Тоа беше избор на многумина, бидејќи се сметаше дека алтернативниот крајбрежен пат е во домет на израелската морнарица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK