(Видео) Израелската војска уби командант на Хамас, кој учествувал во нападот на 7 октомври 2023 година, а работел и за агенцијата за помош на ОН

82a8ad72-f684-46b4-ae4a-fefd7dfba9ce.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Војската на Израел синоќа соопшти дека убила командант на Хамас, кој учествувал во напад на јужен Израел на 7 октомври 2023 година, а работел и за агенцијата за помош на ОН во Појасот Газа. Израел ја обвини УНРВА дека има многу вработени кои исто така се членови на Хамас и други вооружени групи, пренесува Ројтерс.


ОН соопштија по истрагата во август дека деветмина вработени во УНРВА најверојатно биле вклучени во нападите на 7 октомври и ги отпуштиле.

Израелската армија соопшти дека Мохамад Абу Итиви бил убиен завчера. За него се вели дека бил командант на Хамас и дека учествувал во убивање и киднапирање на израелски цивили. Исто така, се наведува дека тој е вработен во УНРВА од јули 2022 година и дека неговото име е на списокот на вработени во агенцијата.

УНРВА потврди дека Итиви бил член на персоналот и бил убиен во средата.

УНРВА обезбедува образовна, здравствена и хуманитарна помош за милиони Палестинци во Газа, Западниот Брег, Јордан, Либан и Сирија. Долго време имаше затегнати односи со Израел, а тие се влошија од почетокот на војната во Газа. Израел постојано бараше распуштање на УНРВА.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK