(Видео) Израелската армија објави видео: ја уништивме куќата на шефот на Хамас

Видео-Израелската-армија-објави-видео-ја-уништивме-куќата-на-шефот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелската војска објави дека со воени авиони го гаѓала домот на лидерот на Хамас во Газа.


Таа објави видео на кое се гледа голема експлозија, на која наводно се гледа уништувањето на куќата на Исмаил Ханија, пишува CNN.

Ханија веќе неколку години не е стациониран во Газа и од 2019 година живее на релација Катар-Турција. Тој со години е критикуван од многу Палестинци дека води удобен живот далеку од Газа, според „Тајмс оф Израел“. Пред победата на Хамас против Фатах на палестинските избори во 2006 година, Ханија не беше истакнат член на раководството на терористичката група. Но, по изборната победа, неговиот углед почна да расте, според медиумот.

Тој беше назначен за премиер на палестинската управа во Појасот Газа, а неговото богатство брзо порасна благодарение на контролата што тој и другите министри во владата на Хамас ја вршеа врз економијата во Газа и даноците што ги собираа на стоките увезени од Египет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK