Израелската армија на својот официјален канал на Телеграм објави дека пресретнала беспилотно летало кое навлегло во израелските територијални води на север.
תיעוד היירוט pic.twitter.com/9OzaoYbNgd
— איתי בלומנטל 🇮🇱 Itay Blumental (@ItayBlumental) September 30, 2024
Итај Блументал, воен дописник на израелскиот Канал 11, објави на социјалните мрежи дека дронот што претходно го пресретна израелската војска ја гаѓаше инфраструктурата во гасното поле Кариш.
Израелската војска објави и видео за кое вели дека го прикажува пресретнувањето.
Гасното поле Кариш му припаѓа на Израел како дел од договорот постигнат со Либан за спорните води во 2022 година.