(Видео) Израел фрла летоци над Бејрут со повик за разоружување на Хезболах


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелските воздухопловни сили фрлија летоци над Бејрут со порака до цивилното население да се спротивстави на Хезболах и да ја преземе контролата врз иднината на Либан.


Во пораката, либанските граѓани се повикуваат да ја разоружаат организацијата, која во летокот е наречена „ирански штит“.

„Разоружајте го Хезболах, иранскиот штит. Одлуката за Либан е ваша, а не туѓа“, се наведува во пораката.

Во летокот се додава дека израелската воена единица 504 работи на обезбедување подобра иднина за Либан и неговиот народ.

Во меѓувреме, либанската армија ги предупреди жителите на Бејрут да не ги скенираат QR кодовите што се наоѓаат на летоците. Според либанската Национална новинска агенција, кодовите водат кон групи на „Ватсап“ и „Фејсбук“ се поврзани со израелска воено-разузнавачка единица.

Од либанската војска предупредуваат дека скенирањето на кодовите и отворањето на линковите може да носи правни и безбедносни ризици, вклучително и можност за хакирање на уредите на корисниците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK