(Видео) Иранска армија: Нападнавме американска база во Бахреин


14107516.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иранската армија објави дека извршила напади со беспилотни летала врз американските сили во воздухопловната база Шеик Иса во Бахреин, што, според неа, било одговор на нападите на Вашингтон врз јужен Иран.


„По непријателската агресија на американскиот непријател врз воените и цивилните области на југот од земјата и кршењето на меморандумот од 14 точки, напаѓачките беспилотни летала на армијата на Исламската Република Иран утрово ги нападнаа позициите на непријателските американски сили во базата Шеик Иса во Бахреин“, се вели во соопштението на армијата, објавено од официјалната иранска новинска агенција ИРНА.

„Ова е последица на дрското и постојано кршење на прекинот на огнот од страна на криминалната влада на САД, а сите американски бази во регионот ќе бидат легитимни цели за нашите воени беспилотни летала“, се додава во соопштението.

Претходно, иранската исламска револуционерна гарда објави дека нападнала 85 американски воени објекти во Бахреин и Кувајт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK