(Видео) Иранците вчера нападнаа тајландски брод, се појавија снимки


screenshot-2026-03-12-072847.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тајланд го осуди нападот врз брод што пловеше под тајландско знаме во Ормускиот теснец и го повика иранскиот амбасадор на разговори, додека властите се обидуваа да спасат тројца членови на екипажот за кои се стравува дека се заробени на оштетениот брод, објави Блумберг.


Товарниот брод „Мајуре Нари“ беше погоден од ирански проектили вчера додека минуваше низ Ормускиот теснец, една од најважните бродски линии во светот. Бродот не превезувал товар во времето на нападот.

На бродот имало 23 членови на екипажот. 20-те биле спасени од оманската морнарица откако го напуштиле бродот во чамец за спасување.

Според сопственикот на бродот, компанијата „Precious Shipping Pcl“, тројцата исчезнати морнари веројатно биле заробени во машинската просторија на бродот, каде што проектилот го погодил пловилото и предизвикал пожар.

Денес се појави првото видео од инцидентот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK