(Видео) „Имавме неколку часа да се спасуваме и да заминеме“ – опожарени цели блокови во Пасадена

2b26bbdb-ec54-4f49-bd84-e078011f05c2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уште една куќа гори втора ноќ по ред во Пацифик Палисадес, додека пожарникарите признаваат дека немаат доволно вода за да се борат со пламените јазици.


Цели блокови се зафатени од пламен, а противпожарните екипи штедливо ги користат цревата, повремено насочувајќи вода на покривите на останатите куќи со надеж дека ќе спречат ширење на пожарот.

Но, ветерот е силен над океанот, а пламенот и искрите се издигнуваат високо до ноќното небо.

Огнот е присутен каде и да погледнете, осветлувајќи ги околните гребени и ридови со морничав портокалов сјај, пишува „Си-ен-ен“.

Семејството кое побегна од својот дом во Пасадена во средата сега престојува кај роднините во Лас Вегас, бидејќи пожарите продолжуваат да уништуваат домови и бизниси низ делови од пошироката област на Лос Анџелес.

„Моравме да се евакуираме“, изјави Тони Еспиноза за филијалата на CNN, KSNV.

„Заминавме набрзина. Имавме само неколку часа да се спакуваме. Моите соседи сè уште беа во своите куќи“.

Тој рече дека успеале да ги земат само најосновните работи.

„Веќе не можевме да дишеме“, изјави тој за КСНВ.

Еспиноза побегна со уште 13 членови на семејството и ќе остане кај роднините во Лас Вегас додека не стивнат пожарите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK