(Видео) Има повредени и значителна материјална штета по земјотресот во Колумбија – на социјалните мрежи објавени снимки


depositphotos_52008387_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Силен земјотрес ја погоди колумбиската пацифичка покраина Чоко, при што според првичните информации има повредени лица и е предизвикана голема материјална штета, соопшти гувернерката на тој регион преку социјалната мрежа „Икс“.


Силниот потрес бил почувствуван и во главниот град Богота, како и во соседна Венецуела.

Гувернерката Нубија Каролина Кордоба-Кури ги потврди последиците од потресот.

„Чоко го погоди разорен земјотрес. Загрижени сме за можни дополнителни потреси. Иако епицентарот беше во близина на местото Сан Хосе дел Палмар, има повредени, а зградите во главниот град Кибдо претрпеа значителни оштетувања. Веќе работиме на проценка на штетата и наскоро ќе го објавиме првиот официјален извештај.“

Земјотресот силно се почувствувал и во Богота, каде што се активирале алармите, а жителите од претпазливост излегле на улиците. Градоначалникот на Богота, Карлос Галан, објави дека засега нема пријави за жртви или за сериозни оштетувања на објектите.

„Забележани се само пукнатини на одредени згради“, наведе тој на платформата „Икс“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK