Едно лице загина, а пет други се повредени при уривање на хеликоптер во океанот во близина на западна Норвешка, соопшти вчера полицијата.
Хеликоптерот Сикорски С-92 управуван од Бристу Норвешка бил во мисија за обука и спасување во средата кога се случила несреќата, соопштија официјални лица.
🚨 NOW- One Dead, Five Injured in Norwegian Helicopter Crash📍Oslo, Norway |
In a harrowing incident off the coast of western Norway, authorities confirm one fatality and five injuries resulting from a helicopter crash into the ocean.
The Sikorsky S-92 aircraft, operated by… pic.twitter.com/f4M6P5G30n
— Overton (@OvertonLive) February 29, 2024
Спасувачите извлекле шест лица од морето, но кај едно лице подоцна била констатирана смрт во болница, се вели во вчерашното соопштение на полицијата. Еден од петте преживеани имал само полесни повреди, додека останатите четворица се здобиле со различен степен на повреди, додава полицијата.
Причината за несреќата се уште не е позната. Компанијата Локхид Мартин Сикорски, која го произведе хеликоптерот, во средата рече дека безбедноста е нејзин главен приоритет и дека е подготвена да ја поддржи истрагата.
Енергетската групација Еквинор соопшти дека хеликоптерот, кој бил во мисија за пребарување и спасување, вообичаено ги опслужувал платформите на полето за нафта и гас Осеберг во Северното Море.