(Видео) Хаос во Истанбул: Турски демонстранти се обидоа да влезат во израелскиот конзулат

Видео-Хаос-во-Истанбул-Турски-демонстранти-се-обидоа-да-влезат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турските демонстранти се судрија со полицијата во текот на ноќта кога се обидоа да влезат во израелскиот конзулат во Истанбул, јавува Ројтерс.



Палестинските власти објавија дека вчерашната експлозија била предизвикана од израелски воздушен напад, а Израел ги обвини за експлозијата во болницата „Ал Ахли ал Араби“ додека тие ја отфрлаат поврзаноста.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган го нарече овој инцидент „последниот пример на израелски напади кои се лишени од најосновните човечки вредности“, а неговата канцеларија за медиуми ги означи израелските тврдења како „дезинформации“.

Во текот на ноќта беа организирани протести во најмалку десетина турски градови, како и пред израелската амбасада во главниот град Анкара, каде учесниците со палестински знамиња извикуваа слогани за осуда на Израел.

Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера илјадниците демонстранти кои се обидоа да влезат во израелскиот конзулат во Истанбул, најголемиот град во Турција.

Пет лица се приведени, соопшти кабинетот на гувернерот на Истанбул.

Денеска забележливо е зголемено обезбедувањето околу конзулатот, со стотина полицајци и 10-ина возила со водени топови, распоредени зад низа метални бариери, а се проверува идентитетот на оние кои сакаат да поминат, пренесува британската агенција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK