­

(Видео) Хамас ослободи уште една заложничка на Израел

70775812-9ceb-4841-9a60-652f9e65a30f.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Палестинската група Хамас денеска ослободи уште една жена, израелски војник во Газа според договорот за прекин на огнот со Израел, јавува Анадолија.


Агам Бергер беше предадена на претставници на Меѓународниот Црвен крст во областа Ал-Раза, во бегалскиот камп Џабалија, во северниот дел на Газа.

Израелската армија потврди дека ја презела Бергер од Црвениот крст.

Уште двајца израелски затвореници ќе бидат ослободени денеска во замена за 110 палестински затвореници во израелските затвори. Ова е трета размена на затвореници откако стапи на сила договорот за прекин на огнот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK