Две израелски жени приведени и држени како заложници од страна на милитантното палестинско движење Хамас се ослободени од Појасот Газа, потврдија од кабинетот на израелскиот премиер и Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
Вооруженото крило на палестинската милитантна група Хамас претходно во понеделникот објави дека ослободило две киднапирани жени
Две постари Израелки кои во понеделникот беа ослободени од палестинската исламистичка група Хамас, предадени се на израелската армија и се на пат кон медицинска установа во Израел, се наведува во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер.
Во соопштението двете жени се идентификувани како Нурит Купер (79) и Јошевед Лифшиц (85) и дека тие биле киднапирани заедно со нивните сопрузи од кибуц Нир Оз, во близина на границата со Газа. Нивните сопрузи се уште ги држи Хамас, објави Ројтерс.
Hamas releases video of them releasing another 2 hostages a few hours ago.
79-year-old Nurit Cooper and 85-year-old Yocheved Lifshitz were allowed to cross into Egypt.
Their husbands are still held as hostages pic.twitter.com/Chs2wh9I8F
— Visegrád 24 (@visegrad24) October 23, 2023
„Го олеснивме ослободувањето на уште двајца заложници, транспортирајќи ги од Газа оваа вечер“, рече портпаролот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Крис Хангер, пренесе Дпа.
„Нашата улога како неутрален посредник ја овозможува оваа работа и сме подготвени да го олесниме секое идно ослободување“, рече тој.
Најмалку 222 заложници беа земени кога напаѓачите од исламистичката група, која ја контролира Газа, извршија терористички напад врз израелските заедници на 7 октомври.
Двајца американски државјани кои Хамас ги држеше како заложници беа ослободени во петокот.