(Видео) Гума на авион експлодираше при полетување во Америка

american-airlines.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На авион на Американ ерлајнс му пукна гума при полетување од аеродромот Тампа во Флорида, САД, јавува Би-би-си.



Пилотот веднаш го прекинал полетувањето и го запрел авионот. На видеото се гледаат и возила за итна помош кои пристигнуваат на местото на настанот.

Портпаролот на аеродромот Џошуа Гилин изјави за локалните медиуми дека сите во авионот, вклучително и 174 патници и шест членови на екипажот, биле „безбедно симнати од авион и однесени со автобус до терминалот“.

Нема извештаи за повредени, а обезбедени се заменски летови за сите патници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK