Илјадници демонстранти се приклучија на пропалестинскиот митинг во центарот на Лондон денеска среде војната меѓу Израел и Хамас. Маршот започна околу 13 часот, а пропалестинските активисти претходно денеска го обоија седиштето на Би-би-си во црвено.
Активистичката група Палестинска акција ја презеде одговорноста за вандализмот на зградата рано утринава, обвинувајќи ја телевизијата дека има „палестинска крв на рацете“. Поддржувачите на демонстрациите запалија црвени, зелени и црни факели и извикуваа „Слободна, слободна Палестина“ и „Од река до море, Палестина ќе биде слободна“. Палестинска акција известува дека тензиите накратко зовреле меѓу демонстрантите и граѓаните на улицата Риџент.
Маршот го организира Кампањата за солидарност на Палестина заедно со голем број други групи, меѓу кои: Пријатели на Ал Акса, Коалиција „Стоп за војната“, Муслиманско здружение на Британија, Палестински форум во Британија и Кампања за нуклеарно разоружување.
Лондонската полиција распореди повеќе од 1.000 полицајци за да го обезбеди маршот и предупреди дека секој што ќе покаже поддршка за Хамас или ќе отстапи од рутата може да биде уапсен.
A major protest against Israel is taking place in London right now pic.twitter.com/oslNJg4oVO
— Visegrád 24 (@visegrad24) October 14, 2023