Викторија, девојка од Русија, посвоила мало црно маче кое го нашла покрај патот, за неколку недели подоцна да сфати дека нејзиното ново милениче е пантер.
Пантерката Луна е родена во патувачка зоолошка градина во Сибир пред да биде целосно напуштена од нејзината мајка.
Без млекото и грижата што му беше потребно на едно бебе пантер, шансите да преживее беа мали, објаснува девојката.
Кога ја пронашла Викторија била убедена дека се работи за обична црна мачка.
„На Луна и беше даден посебен микс од витамини и исхрана за да се компензира недостатокот на млеко. И тогаш почна да расте. И растеше. И растеше“.
Неколку недели подоцна, Викторија сфатила дека одгледува пантерка, но веќе било доцна.
Сопственичката и нејзиниот необичен миленик биле веќе приврзани еден за друг, а ротвајлерот на Викторија, Венца исто така и се допаднал на Луна.
Викторија го одгледува веќе две години и на социјалните мрежи објавува моменти од животот со пантерот.