(Видео) Францускaта министерка за спорт заплива во Сена за да докаже дека реката е доволно чиста

ministerka-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Француската министерка за спорт Амели Удеа Кастера денеска заплива во реката Сена, за да докаже дека реката во Париз е доволно чиста и дека се е подготвено за натпреварите во пливање на претстојните Олимписки игри.


Натпреварите во пливачки дисциплини на Олимписките игри ќе се одржуваат во Сена, пренесува „Фигаро“ и наведува дека натпреварите во Сена се одржувале и за време на Олимписките игри во Париз во 1900 година.

И градоначалничката на Париз, Ан Идалго, која се залагаше за кампања за чистење на често загадената Сена, вети дека ќе плива во Сена по повод претстојните Олимписки игри.

Олимписките игри во Париз почнуваат на 26 јули и ќе траат до 11 август.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK