Супертајфунот Јаги стигна до јужниот кинески остров Хаинан, со ветрови кои дуваат со брзина поголема од 230 км/ч, а државните медиуми јавуваат дека речиси 420.000 жители се евакуирани како мерка на претпазливост.
Јаги би можела да стане најсилната бура што ја погодила јужна Кина во последните десет години, а се очекува со еднаква жестокост да го погоди и соседен Виетнам.
Официјалната новинска агенција Ксинхуа пишува дека супертајфунот „падна на копно и го погоди брегот“ на Хаинан во близина на Венчанг на североистокот на островската провинција во 16 часот и 20 минути по локално време. Со екстремно обилни врнежи, тајфунот со ветрови кои достигнуваат и до 234 км/ч може да предизвика катастрофални штети на овој остров, популарна туристичка дестинација позната по песочните плажи и луксузните хотели.
【Breaking News】 Typhoon yagi has just landed in Hainan. The Baojin Primary School Station in Wenchang recorded a minimum air pressure of 922.0 hpa, breaking the record for the lowest sea level pressure measured on land in China pic.twitter.com/sqfJuQxzLB
— Jim (@yangyubin1998) September 6, 2024
Како дел од превентивните мерки, властите во Хаинан досега евакуираа 419.367 жители, затворија неколку туристички места и воведоа рестрикции за возачите, јавува Ксинхуа.
Кинеското Министерство за водни ресурси во четвртокот ги подигна вонредните мерки на трето, највисоко ниво за справување со поплавите во Хаинан и соседната јужна провинција Гуангдонг.
„Јаги веројатно ќе заврши како најсилниот тајфун што го погодил јужниот брег на Кина од 2014 година, што ќе ја отежне работата за спречување поплави“, објави Ксинхуа по состанокот на претставниците за контрола на поплавите.
Јаги само во петокот навечер помина најмалку 400 километри од Хонг Конг, носејќи со себе обилни врнежи.
Во петокот привремено беше прекината работата на берзата во Хонг Конг, училиштата беа затворени, а јавниот превоз беше ограничен. Властите известија тројца повредени. Пороен дожд и во петок продолжува да врне во градот со еднаков интензитет.