На социјалните мрежи протече видео од 69-годишниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган, во теретана, како игра кошарка со пратеници.
Имено, турската телевизија „ТРТ“ на „Јутјуб“ објави видео за кое тврди дека го снимил Мустафа Варанк, пратеник на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на Ердоган.
Се наведува дека натпреварот се одиграл во салата која се наоѓа во рамките на претседателскиот комплекс во Анкара.
Ова не е прв пат Ердоган да излезе на кошаркарскиот терен со своите соработници, а во октомври 2021 година „ТРТ“ објави и клип од турскиот претседател како игра кошарка надвор.
Тој на почетокот на годинава преку социјалните мрежи ги повика сонародниците да спортуваат за да го подобрат животот и здравјето и рече дека се труди три пати на ден да има спортски активности.