Пристигна првата реакција на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на синоќешните воздушни напади на САД и Обединетото Кралство врз воени цели на бунтовниците Хути во Јемен, поддржани од Иран.
BREAKING — Erdogan says US and UK strikes in Yemen targeting the Houthis are disproportionate uses of force.
“They are eager to turn the Red Sea into a bloodbath. We see that the Houthis are making very successful defenses against the strikes”
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) January 12, 2024
„САД и Обединетото Кралство се обидуваат да го претворат Црвеното Море во море од крв. Гледаме дека Хутите многу успешно се бранат од овие напади“, рече Ердоган, додавајќи дека ударите на западните сили се „непропорционална употреба на сила“.
На крајот на минатата година Хутите почнаа да напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море за да му покажат поддршка на палестинскиот Хамас во борбата против израелските вооружени сили во окупираниот Појас Газа.
Во такви услови, многу сопственици на бродови ги пренасочуваа своите пловила, а САД иницираа меѓународна мисија која треба да ја заштити пловидбата. Во ноќта кон петокот, американските и британските вооружени сили нападнаа воени цели во Јемен, а Хутите најавија одговор.