Во руската област Башкирија експлодираше цевковод за гориво во петрохемиската фабрика Стерлитамак, при што беа повредени три лица.
Пожарникарите веднаш излегле на терен и го ставиле пожарот под контрола, соопштија руските служби за итни случаи.
Се појави и видео од експлозијата.
Special operation in Sterlitamak
😁👏💪🇺🇦https://t.co/wWle8VA4AQ pic.twitter.com/2U5E4PQP6k— Гакрукс (@Gakruks1) August 19, 2024
Не е познато што го предизвикало инцидентот.
Фабриката, која се наоѓа на 1.500 километри источно од Москва, произведува гума и високооктански адитиви за гориво и авионско гориво. Руската државна новинска агенција Интерфакс објави, цитирајќи локални власти, дека производството продолжува и покрај пожарот.