Голем пожар избувна во складиште за нафта во областа Јарцево во руската област Смоленск, се наведува во извештајот на Киев Индипендент. Магацин за нафта во Јарцево, во рускиот регион Смоленск, се запали по напад со дрон во текот на ноќта. Регионот се наоѓа на приближно 500 километри од Курск.
Повеќе експлозии одекнаа во текот на ноќта и во Смоленск и во регионот Орлов. Гувернерот на Смоленск, Василиј Анохин, подоцна го потврди пожарот во објава на Телеграм, пишувајќи дека „остатоците од едно беспилотно летало паднале на територијата на складиште за нафта. Како резултат на тоа, дошло до излевање на гориво и пожар“.
Overnight, Ukrainian attack drones successfully struck a large Russian fuel storage depot in Smolensk Oblast.
The facility is violently burning, as Russian forces struggle to get the fire under control. pic.twitter.com/7G7zlXOZFO
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) December 31, 2024
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле соборени 68 украински беспилотни летала, од кои 10 биле во областа Смоленск.
💥 Russia: Ukrainian drone strikes on oil depots in Smolensk and Orlov regions. pic.twitter.com/gi0oLSJgPe
— Igor Sushko (@igorsushko) December 31, 2024
Овој напад врз складиште за нафта во Смоленск е еден од многуте украински напади врз руските складишта за нафта во последните месеци.