(Видео) Едно лице загина, по шестмина се трага по потонувањето на луксузната јахта во Италија

ddc21646-cd56-43b8-be29-1a878c47629c.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Едно лице загина, а уште шест се трага откако луксузна јахта потона во близина на главниот град на Сицилија, Палермо, јавуваат италијанските медиуми.


Италијанските противпожарни и крајбрежни служби претходно соопштија дека нивните нуркачи трагаат по седум исчезнати лица, без веднаш да соопштат дека е пронајдено едно тело.

Луксузната јахта долга 56 метри, регистрирана во Велика Британија, потона во зори со 22 лица, 10 членови на екипажот и 12 патници, кога силното невреме ја зафати областа, соопшти крајбрежната стража.

Меѓу исчезнатите има и британски, американски и канадски државјани. Осумтемина спасени, меѓу кои и едногодишно дете, се пренесени во болница и сите се стабилни, јавуваат локалните медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK