Полицијата во Тампа, Флорида, уапси маж осомничен за убиство на две лица во оруженото насилство што предизвика хаос во неделата во кварт преполн со барови и клубови за време на прославите на Ноќта на вештерките, соопштија локалните власти.
BREAKING: Halloween Celebration Mass shooting in Ybor City, Tampa, Florida Early this morning:
– At least 18 are injured and 2 are dead after a mass shooting took place this morning.
– The shooting took place on the 1600 block of East 7th Avenue in Tampa.
– The shooting began… pic.twitter.com/mRbvWXcrn7
— Brian Krassenstein (@krassenstein) October 29, 2023
Шеснаесет лица се повредени, сите освен еден, од огнено оружје, соопшти полицијата.
Убиени се 14-годишник и 20-годишник
Тајрел Стивен Филипс (22) е обвинет за убиство од втор степен на 14-годишно момче и 20-годишен маж, по судирот пред зори меѓу две групи во Тампа, соопшти полицијата.
Видеата на платформата за социјалните мрежи Х, порано позната како Твитер, покажаа луѓе како трчаат низ темнината додека одекнуваат најмалку десетина истрели. На некои видеа се гледаат полицајци како брзаат да им помогнат на луѓето во костими кои крварат на тротоарите.
Две лица загинале, а 16 со повреди се пренесени во болница, од кои 15 со прострелни рани, се вели во соопштението на полицијата.
На многумина од повредените, на возраст од 18 до 27 години, им била укажана помош и биле пуштени, но петмина останале во болница, соопшти полицијата.
Началникот на полицијата во Тампа, Ли Беркау, рече дека сведоците и помогнале на полицијата да го идентификува и уапси осомничениот напаѓач.