(Видео) Драма во Лидс, избувнаа насилни немири: Запалени возила, на жителите им е порачано да не ги напуштаат своите домови

vfd.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Запалени се неколку возила, а се преврте полициско возило за време на немирите што избија во англискиот град Лидс, јавија денеска британските медиуми.


На жителите на предградието Херхилс им било кажано да не ги напуштаат своите домови, пишува Гардијан. Министерката за внатрешни работи Ивет Купер ги осуди „потресните сцени и напади“, додавајќи дека таквите немири немаат место во британското општество.

Немирите избија синоќа, а на социјалните мрежи беа споделени снимки на кои се гледа како луѓето фрлаат предмети кон полицијата пред да превртат автомобил во Херхилс. Локалните жители велат дека нередите избувнале откако полицијата била повикана на адреса во тој дел од градот поради дојава за инцидент во кој учествувале деца и работници од социјалната служба.

Откако почнаа да пристигнуваат поголем број граѓани, членовите на социјалните служби и децата беа пренесени на безбедно. После тоа, локалните жители почнале да фрлаат со предмети кон полицијата, запалиле автобус и неколку возила.

Полицијата во Јоркшир вети целосна истрага за сите прекршоци, вклучувајќи го и палењето возила. Во соопштението се наведува и дека сите одговорни за насилството ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK