(Видео) Дете спасено од оштетена зграда во Техеран: драматична сцена од војната


1773484759_depositphotos_342918080_xl.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Снимките од иранската Црвена полумесечина покажуваат како спасувачите извлекуваат дете од станбена зграда за која организацијата за помош вели дека била погодена во понеделникот во Техеран.


На видеото, може да се видат работници како го вадат детето низ прозорецот и безбедно го спуштаат на земја покриена со урнатини, пишува CNN. Црвената полумесечина претходно објави дека го бара детето „под урнатините на станбената зграда“.

Израелската армија во понеделникот објави дека извршува напади врз цели на режимот во „срцето на Иран“.

Неколку локации околу иранската престолнина беа цел на напади, објави агенцијата „Фарс“.

Според податоците објавени од УНИЦЕФ на 12 март, од почетокот на војната на Блискиот Исток на 28 февруари, 1.100 деца се убиени или ранети.

Наведувајќи дека нема оправдување за убивање и повредување на деца, ниту уништување и нарушување на клучните услуги од кои зависат децата, тие ги повикаа страните во конфликтот да се вратат на преговори.

„Тешките кршења на правата на децата во вооружени конфликти може да претставуваат кршење на меѓународното право, вклучувајќи го меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за човекови права“, додаде УНИЦЕФ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK