Во главниот грузиски град Тбилиси веќе четири ноќи по ред се водат жестоки судири меѓу полицијата и проевропските демонстранти кои не се задоволни од одлуката да се одложи дебатата за пристапување на земјата во Европската унија.
The Moscow puppet government in Georgia decided to attack pro-democracy protestors with water cannons, pepper spray, tear gas, and rubber bullets, the protestors responded with the equivalent of a fireworks mini gun. #georgiaprotests pic.twitter.com/oAJN5FOVtt
— Anonymous (@YourAnonCentral) November 30, 2024
Демонстрантите фрлаат молотови коктели и огномет врз полицајците. Исто така, тие поставија барикади на улиците, а потоа ги запалија. Полицијата реагираше со солзавец и водени топови.
Протести се одржуваат и во други градови низ Грузија. Судирите – и продлабочената политичка криза меѓу националистичката конзервативна влада и проевропската опозиција – се закануваат да ја поделат земјата. Европската унија би можела да воведе санкции поради последните настани во Грузија, изјави вчера новата висока претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас.
„Јасно е дека употребата на насилство врз мирните демонстранти не е прифатливо и (грузиската) влада треба да ја почитува волјата на грузискиот народ, но и грузискиот устав“, рече Калас за време на посетата на Киев.