(Видео) Демонстранти окупираа една од зградите на американскиот Конгрес, бараа прекин на огнот во Газа

Видео-Демонстранти-окупираа-една-од-зградите-на-американскиот-Конгрес-бараа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку стотина демонстранти денеска окупираа една од зградите на американскиот Конгрес, барајќи од пратениците и администрацијата на Џо Бајден да извршат притисок за прекин на огнот во Газа, која Израел ја бомбардира по нападот на Хамас на 7 октомври.



Облечени во маици „Палестинските животи се важни“, „Не во наше име“ и црни маици со натпис „Евреите велат: прекинете го огнот сега“, тие седеа плескајќи и пеејќи во зградата „Канон“, каде што се наоѓаат голем број канцеларии и поставија големи транспаренти на кои пишува „Престанете со огнот“ и „Пуштете ја Газа да живее“.

Полицијата приведе неколку демонстранти.

„Не се дозволени протести внатре во зградите на Конгресот“, објави полицијата на платформата Х.

Ги предупредивме демонстрантите дека мора да го прекинат протестот и кога не послушаа почнавме да ги апсиме.

Претходно, стотици луѓе се собраа во паркот National Mall во близина на Капитол, барајќи од администрацијата на Бајден да се заложи за прекин на огнот.

„Бајден е навистина единствениот кој има моќ да изврши притисок врз Израел во моментов и тој мора да ја искористи таа моќ за да спаси невини животи“, рече Хана Лоренс (32), која дојде од Вермонт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK