(Видео) Човекот кој изгоре во сајбер камионот беше елитен војник, си пукал во глава

8d9261d0-fe66-4775-9e2c-4da521b24110.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Човекот што го изнајмил сајбер камионот Тесла што експлодираше пред хотелот Трамп во Лас Вегас, бил активен припадник на американските специјални сили и се застрелал во главата пред експлозијата, соопштија полициски претставници. Полицијата во Лас Вегас го идентификувала возачот на возилото како Метју Алан Ливелсбергер (37) од Колорадо Спрингс, Колорадо. Тој го изнајмил возилото на повеќе од 800 милји подалеку и го возел до хотел во Невада утрото на експлозијата.


Причината за смртта на Ливелсбергер е самоубиство со истрел од огнено оружје, според Канцеларијата на судска медицина во округот Кларк. Седум лица се повредени кога возилото полно со канистри со гориво експлодираше на Нова година. Официјалните лица рекоа дека сите повреди се полесни.

Полицијата соопшти дека Ливелсбергер го возел „Сајбертракот“ во градот во средата наутро, помалку од два часа пред детонацијата. Паркирано пред хотелот, во близина на стаклениот влез, возилото почнало да чади, а потоа експлодирало. Властите во Лас Вегас велат дека возилото помогнало да се ограничи експлозијата, насочувајќи ја вертикално наместо кон надвор. Во експлозијата не се скршени стаклените врати и прозорци на хотелот. Властите се уште не го утврдиле мотивот зад инцидентот.

Шерифот рече дека инспекторите од запаленото возило пронашле воена лична карта, пасош, два полуавтоматски пиштоли, огномет, ајфон, паметен часовник и неколку кредитни картички на име на Ливелсбергер. Телото пронајдено во возилото било изгорено до непрепознатливост и била откриена прострелна рана во главата, изјави шерифот Кевин Мекмахил.

Мекмахил рече дека пронашле две тетоважи на посмртните останки на возачот кои одговараат на оние на Ливелсбергер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK