Министерството за здравство на Хутите во Јемен објави дека четири лица се загинати, а 29 се повредени по денешните израелски напади.
Израел потврди дека започнал воздушни напади врз Хутите во Јемен, погодувајќи го пристаништето Рас Иса во четвртиот по големина град во Јемен, Ал Худајда.
Армијата соопшти дека неколку десетици авиони на израелското воздухопловство, вклучително и шпионски авиони и авиони за полнење гориво, учествувале во нападите врз позициите на милитантите лоцирани на околу 1.800 километри од Израел.
Нападите беа насочени кон локациите што ги користат Хутите за воени цели во Ал Худајда и блиското пристаниште Рас Иса во западен Јемен.
Снимките на социјалните мрежи, објавени од израелските медиуми, покажуваат како чад се издига од областа.
Yemen is burning pic.twitter.com/o2PG6FSYMY
— נועה מגיד | Noa magid (@NoaMagid) September 29, 2024
Хутите поддржани од Иран лансираа три балистички ракети кон Израел овој месец.