(Видео) „Бомбите ме разбудија“: паника во Либан, луѓето се кријат во училиштата

Screenshot-2024-09-24-115747.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Илјадници семејства во Либан ги напуштаат своите домови во страв од израелски напади врз цели поврзани со Хезболах и се упатуваат кон север.



Тие бегаат со автомобили, камиони, мотори, а некои дури добија и предупредувачки пораки на нивните мобилни уреди од израелската армија.

Захра Савли, студентка од јужниот град Набатие, изјави за Би-Би-Си дека бомбардирањето било интензивно.

„Се разбудив во 6 часот наутро од звукот на бомбите. До пладне стана многу интензивно и видов многу удари во мојата област“, ​​рече Савли.

Таа додаде дека слушнала звук на кршење на стакло.

Според податоците на либанското Министерство за здравство, во нападите до понеделникот навечер загинале 492 лица, додека повеќе од 1.600 биле ранети, меѓу кои најмалку 35 деца. Израелските сили извршија 1.100 напади во изминатите 24 часа, вклучително и воздушен напад во јужен Бејрут, чија цел беше висок командант на Хезболах.

Стравот се прошири и во Бејрут, каде што многу жители исто така го напуштаат градот додека пристигнуваат бегалци од јужен Либан. Израел ги предупреди луѓето да ги напуштат областите каде Хезболах складира оружје, а предупредувања се испратени и до населбите кои не се сметаат за упоришта на Хезболах, вклучително и Хамра, дел од градот со многу владини институции, банки и универзитети.

Училиштата веднаш беа претворени во засолништа за евакуирани лица, додека на болниците им беше наредено да ги откажат сите операции кои не се итни како подготовка за напливот на жртви.

Иако ситуацијата во Бејрут е тензична, некои жители се решени да останат, пренесува медиумот.

„Доколку дојде до војна, како Либанци, ние мораме да застанеме заедно без оглед на политичките разлики, бидејќи нашата земја е таа што се бомбардира“, изјави соговорник за Би-Би-Си.

Многу други, како трговецот Мохамед Сибаи, го прифаќаат насилството како неизбежно.

„Ако сакаат војна, што можеме ние?

Патиштата кон Бејрут беа непроодни додека луѓето од градовите како Тир, каде што може да се видат облаци од чад од ударот, се обидуваат да побегнат во побезбедни области, пренесува медиумот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK