Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и членовите на израелската влада завршија во бункер на денешната средба во Тел Авив.
Според светските медиуми, Блинкен и Нетанјаху морале да се повлечат во засолниште кога во Тел Авив за време на нивната средба се огласиле сирените за воздушен напад.
Air sirens are blaring now in Tel Aviv as we waited for Blinken to finish his meeting with Israel’s war cabinet pic.twitter.com/qnlzjTLt2Q
— John Hudson (@John_Hudson) October 16, 2023
Според портпаролот Мет Милер, тие поминале околу пет минути во засолништето.
„После тоа, тие излегоа од засолништето и ги продолжија разговорите во командниот центар“, рече Милер.
Медиумите потсетуваат дека Блинкен двапати го посети Израел за помалку од седум дена.
Израелскиот министер за одбрана предупреди дека ги чека долга војна.
„Цената ќе биде висока, но ние ќе победиме, за Израел, за еврејскиот народ и за вредностите во кои веруваат двете земји“, рече Јоав Галан.