(Видео) „Беше многу гласно“; „Целата куќа се тресеше“ – земјотресот ги вознемири жителите на Њујорк

zemjotres-njujork.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Регионот на Њујорк во САД го погоди земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала.



Земјотресот бил почувствуван низ Њујорк и околината, вклучувајќи го и Њу Џерси, објави Асошиејтед прес (АП).

Противпожарната служба на Њујорк соопшти дека се уште нема извештаи за штета.

Луѓето сведочат дека го почувствувале потресот во соседните држави Конектикат и Масачусетс, а „Ведр ченал“ објави дека се почувствувал и во Бостон.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објави дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри, пренесе „Ројтерс“.

Жителите на погодената област оставија свои впечатоци на страницата ЕМСЦ.

„Беше многу гласно. Истрчав од мојата канцеларија бидејќи се плашев дека зградата може да се урне ако се влоши“.

„Немаше штета, но сите луѓе во куќата беа на вториот кат и целата куќа се тресеше и неколку работи паднаа од полиците“, раскажуваат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK