(Видео) Барак и Мишел Обама и’ се јавија на Камала Харис преку мобилен телефон и ја поддржаа нејзината кандидатура

kamala-haris-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот претседател, Барак Обама, и неговата сопруга Мишел ја поддржаа кандидатурата на Камала Харис за претседател во едноминутно видео во кое беше снимен приватен телефонски разговор меѓу парот и сегашниот потпретседател.


„Се јавивме да кажеме дека Мишел и јас сме повеќе од горди што ве поддржуваме и ќе направиме се што можеме за да ги поминете овие избори и да влезете во Овалната соба“, ѝ рече Обама на Камала Харис.

„Горда сум на тебе, ова ќе биде историско“, рече поранешната прва дама.

Зборувајќи на мобилниот телефон и неколку пати насмеана, Харис изрази благодарност за поддршката и нивното долгогодишно пријателство.

„Ви благодарам и двајцата. Тоа значи многу“, рече Харис.

Кандидатурата на Камала Харис, по повлекувањето на актуелниот претседател Џо Бајден, против републиканскиот ривал Доналд Трамп продолжува да добива на сила меѓу поддржувачите, донаторите и политичарите.

Обама, првиот американски претседател со афро-американско потекло, останува една од најпопуларните личности во Демократската партија дури и по повеќе од една деценија откако беше последен пат избран.

Обама веднаш не ја поддржа Харис откако Бајден, неговиот поранешен потпретседател, ја именуваше за негова наследничка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK