(Видео) Бајден со недвосмислена поддршка за Израел: Хамас уби невини луѓе, имаат право да се бранат

Видео-Бајден-со-недвосмислена-поддршка-за-Израел-Хамас-уби-невини.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател, Џо Бајден, се обрати во јавноста по повод војната што изби помеѓу Израел и Хамас.


„Израел има право да се брани себеси и својот народ“, рече американскиот претседател Џо Бајден, коментирајќи го нападот на Хамас врз Израел.

Бајден ја потврди целосната поддршка на САД за Израел.

„Никогаш нема оправдување за терористичките напади и поддршката на мојата администрација за безбедноста на Израел е цврста и непоколеблива“, додаде тој.

Тој изрази загриженост дека другите милитантни групи ќе ја искористат ситуацијата, веројатно мислејќи на Хезболах во Либан.

„Дозволете ми да го објаснам ова колку што можам, ова не е време за која било непријателска страна кон Израел да ги користи овие напади за да бара предност“, вели тој.

„Ќе се погрижиме Израел да има помош и да може да продолжи да се брани“, додаде тој.

Бајден исто така рече дека илјадници ракети паднале врз израелските градови и дека Хамас убива невини луѓе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK