Американскиот претседател, Џо Бајден, пристигна во Тел Авив во посета на Израел. Бајден пристигнува по смртоносната експлозија во болница во Газа, додека израелските и палестинските власти разменуваат обвинувања за вината за нападот.
Со својата посета, Бајден се обидува да покаже непоколеблива поддршка за Израел и да разговара за начините за ублажување на хуманитарните страдања во Газа.
WATCH LIVE: Prime Minister Benjamin Netanyahu and President Isaac Herzog welcome President of the United States Joe Biden upon his arrival to Israel. https://t.co/S5x2JFtwOr
— Prime Minister of Israel (@IsraeliPM) October 18, 2023
Бајден се симна од Air Force One во 11 часот по локално време и ги прегрна израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, и израелскиот претседател, Исак Херцог.
Prime Minister Benjamin Netanyahu welcomed US President Joe Biden to Israel, at Ben-Gurion International Airport. pic.twitter.com/rM4FgbUr8A
— Prime Minister of Israel (@IsraeliPM) October 18, 2023
Бајден ќе ја почне посетата со средба со Нетанјаху, по што ќе следи поширок состанок со израелскиот воен кабинет.