Претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден се сопнал неколку пати додека се шетал со првата дама Џил Бајден на песочната плажа во американската држава Делавер, објавија американските медиуми.
Бајден (81) се сопнал неколку пати, па дури и била потребна помош од првата дама додека шетал на песочната плажа во близина на неговиот дом во Делавер во неделата, според американската телевизиска мрежа CSPAN, објави „Њујорк Тајмс“.
Joe Biden ha difficoltà a camminare sulla sabbia a Rehoboth Beach in Delaware. pic.twitter.com/gMIq46gekK
— Daniele Angrisani (@putino) November 11, 2024
Според написите, американскиот претседател во заминување изгубил рамнотежа неколку пати додека се движел по нестабилниот песок на плажата во неделата попладне.
Бајден потоа го забрзал своето темпо додека новинарите го прашувале што ќе разговара со новоизбраниот претседател Доналд Трамп на состанокот во Белата куќа во средата, а тој не одговора на ниту едно од прашањата на медиумите.
„Бајден моментално се бори со песокот во неговата куќа на плажа во Делавер. Песокот победува“, се вели во објавата Х на Републиканскиот национален комитет.
Бајден се откажа од својата кандидатура за реизбор во јули, по серија критики за неговите ментални и физички способности и ја поддржа американската потпретседател Камала Харис да биде демократски претседателски кандидат.